Ким Џонг Ун: Уверен сум во победата на Русија

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес изјави дека секогаш го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и рускиот народ и изрази доверба во победата на Русија во она што го нарече „специјална воена операција“, објави Корејската централна телеграфска агенција (KCNA).

„Цврсто сум убеден во победата на Руската Федерација во денешната света војна за одбрана на безбедносните интереси на земјата и меѓународната правда. Ветувам дека непоколебливо ќе ве поддржувам вас и братскиот руски народ“, рече Ким во порака до Путин, објави Спутник.

Севернокорејскиот лидер нагласи дека денес двете земји „ја зајакнуваат довербата и солидарноста“ и заеднички ја бранат правдата и мирот, додека во исто време, како што изјави, пишуваат нови поглавја во историјата на алијансата. „

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

– Мојата волја, како и волјата на владата на ДНРК, за сеопфатно проширување и продлабочување на нашите заеднички работи со Руската Федерација останува непоколеблива, заснована на заедничка визија за светла иднина за корејско-руските односи, односи изградени врз традициите на пријателство, добрососедство и меѓусебна помош, како и врз цврст сојуз – додаде Ким.

Тој им посака на Путин и на рускиот народ победа и слава на патот кон иднината.

Минатата недела, Путин му честиташе на Ким за 78-годишнината од основањето на Демократска Народна Република Кореја и рече дека двете земји ќе продолжат да го зајакнуваат сеопфатното стратешко партнерство.

„Без сомнение, ќе продолжиме со најблиската заедничка соработка за понатамошно зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу нашите земји“, истакна Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Украина е подготвена за деескалација на војната

Рускиот претседател изјави дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг отсекогаш се темелеле на принципите на пријателство, добрососедство и меѓусебна помош.

Тој додаде дека зајакнувањето на врските меѓу Русија и Северна Кореја ќе придонесе за регионалната безбедност и за пофер, мултиполарен светски поредок.