Багеи: Нуклеарната политика на Иран останува непроменета

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека нуклеарната политика на Иран останува јасна и непроменета, а дискусиите за нуклеарното одвраќање, како што изјави, се сосема природни по честите напади и саботажи насочени против нуклеарните постројки во земјата.

Тој, на редовната прес-конференција во Техеран, ги отфрли тврдењата дека Техеран ја променил својата нуклеарна доктрина или размислува за повлекување од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП).

Багеи оцени дека противниците на Иран го поткопале овој меѓународен договор, истовремено поставувајќи го прашањето зошто одредени земји воопшто дискутираат за нуклеарно одвраќање.

„ННП се заснова на спречување на ширењето на нуклеарно оружје и овозможување на употреба на нуклеарна енергија за мирни цели, но напредокот во глобалното разоружување е сè уште недоволен, додека се воведуваат ограничувања за земјите во развој, вклучително и Иран“, рече портпаролот на иранското Министерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавено е колку авиони изгуби Америка во војната со Иран, ова е листата (ВИДЕО)

Според него, нуклеарните постројки на Иран се соочиле со десетици саботажи, и покрај тоа што се под постојан надзор од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додека Техеран останува посветен на своите обврски според НПТ.

Затоа, рече тој, дискусиите на иранските пратеници и функционери за одвраќање не треба да се сметаат за невообичаени.

Зборувајќи за безбедноста во Ормутскиот теснец, Багеи рече дека прашањето е во надлежност на двете крајбрежни држави (Иран и Оман), оценувајќи дека моменталната нестабилност во тој регион е последица на дејствијата на Соединетите Американски Држави.

Осврнувајќи се на билатералните односи, иранскиот функционер истакна дека соработката со Турција оди подалеку од обичното пренесување пораки меѓу Техеран и Вашингтон, опишувајќи ги двете соседни земји како партнери со широки заеднички интереси и редовни дипломатски контакти, особено во врска со загриженоста за дејствијата на израелскиот режим во регионот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка останува без муниција: Војната со Иран „проголта“ милијарди долари за оружје!

Багеи, исто така, го поздрави принципиелниот и одговорен став на Кина за регионалната безбедност и нејзината конструктивна улога во зајакнувањето на стабилноста во рамките на БРИКС, но истакна дека проблемот на Иран со САД не е недостаток на медијатори, туку недостатокот на искрена волја на Вашингтон да се вклучи во дипломатијата.

Иранскиот дипломат, исто така, потврди дека патничкиот сообраќај на границата меѓу Иран и Ирак е обновен по дипломатските контакти и дека нормализацијата на комерцијалните премини се очекува во следните два дена.

Коментирајќи го неодамнешниот состанок меѓу иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и престолонаследникот на Абу Даби, Халед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, на маргините на самитот на БРИКС во Њу Делхи, Багеи изјави дека состанокот се одржал на барање на емиратската страна како дел од политиката на Иран за зајакнување на регионалната доверба и безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја отфрла понудата на Трамп за нови разговори за крај на војната