Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера попладне по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.
– На 14.09.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.Џ.(43) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

