УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Утре времето ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, стои во соопштението.

Денеска низ Македонија времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево и релативно топло