Никола Стојановски нов голман на ГФК Куманово

Сподели со своите пријатели

ГФК Куманово го засилува голманскиот состав со 32-годишниот Никола Стојановски, кој во новата сезона ќе биде дел од кумановскиот клуб.

Стојановски зад себе има богато фудбалско искуство, стекнато во повеќе македонски и странски клубови.

 

 

Во досегашната кариера настапувал за ФК Башкими, ФК Милано, ФК Гоблен Јуниор, ФК Локомотива Скопје и ФК Скопје, а има и интернационално искуство од Малта.

Таму го носел дресот на FC San Gwann, FC Valletta, FC Siggiewi и FC Pembroke, со што има искуство и од малтешкиот фудбал.

 

 

Новиот голман на ГФК Куманово во кариерата има собрано прволигашко, второлигашко и интернационално искуство, што се очекува да биде значајно засилување за тимот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановскиот ракометар Јован Даневски ја продолжи кариерата во Германија

Никола Ивановски