Делегација од факултетот во Цирих во посета на Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска беше домаќин на група ученици и ментори од Швајцарија, кои преку образовниот проект SUDECU – „Sustainable Democratic Culture“ имаат можност непосредно да се запознаат со градот, локалната заедница и иницијативите во кои се вклучени младите.

Тринаесет ученици и нивни ментори од факултетот во Цирих беа примени од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, во рамки на нивната посета на Куманово.

Посетата е насочена кон запознавање со локалниот контекст и размена на искуства, особено во делот на младинското учество и активностите што придонесуваат за развој на демократска и одржлива локална заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сосетката, полицијата го привела

 

 

Во реализацијата на дел од активностите поврзани со проектот SUDECU е вклучена и кумановската организација ИноМлади.

Преку своето искуство во работа со младите, организацијата им овозможува на учесниците од Швајцарија да се запознаат со конкретни локални иницијативи и начини на кои младите можат да бидат активни во решавањето на проблемите во средината во која живеат.

SUDECU е програма поддржана од PHZH – International Projects in Education, а финансиски поддржана од Кантон Цирих. Проектот е насочен кон развивање и промовирање на одржлива демократска култура преку образование, практични активности и поврзување на младите со локалната заедница.

 

 

ИноМлади, пак, е кумановска невладина организација основана во 2021 година, која работи на младинско учество, заштита на животната средина и создавање иновативни решенија за локалните предизвици, со посебен фокус на борбата против загадувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тениски спектакл во Куманово: Домашните надежи со одлични резултати, стартуваше првиот Tennis Europe турнир

Посетата на швајцарските ученици отвора простор и за меѓусебно запознавање и размена на искуства меѓу младите од двете средини, преку кои Куманово се претставува од перспектива на своите локални иницијативи, младински активности и предизвици.

Никола Ивановски