Во Куманово одбележани 35 години од независноста на Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на жена борец на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово денеска беше одбележан Денот на независноста.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, Армијата, МВР, како и бројни претставници на политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта и членови Здружението на борци на НОБ и граѓани денеска положија свежо цвеќе.

 

 

Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Димитриевски нагласувајќи ја важноста на овој историски датум и улогата на Куманово во македонската борба за слобода.

– Независноста беше и останува голема обврска. Обврска да ја чуваме државата, да ги негуваме демократските вредности, да ги почитуваме различностите и да градиме општество, во кое секој граѓанин ќе има свое место, можности и перспектива, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Да ја чуваме слободата што ни ја оставија претходните генерации (ВИДЕО)

 

 

Нашата сила, како што истакна, е во заедништвото, а нашето богатство во различностите.

– Нашата иднина е во способноста да градиме мостови, а не поделби. Да создаваме можности, а не пречки. Да гледаме напред со надеж и со верба дека можеме и мораме да изградиме подобра држава.  Денеска, потребни ни се единство, меѓусебна почит и заедништво. Потребно ни е да гледаме кон иднината со надеж, но и со одговорност. Да создаваме услови младите да ја гледаат својата перспектива овде, во својата држава. Да градиме општество во кое трудот се вреднува, во кое солидарноста се почитува и во кое секој човек има можност за достоинствен и подобар живот, рече Димитриевски во своето обраќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Куманово по подолг период има одлична соработка со централната власт (ВИДЕО)

 

 

Своето обраќање Димитриевски го заврши со порака да ја чуваме слободата што ни ја оставиле претходните генерации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски