Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот повторно над 100 денари

Сподели со своите пријатели

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по поксапи малопродажни цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 3,00 денари по литар, додека најголемо зголемување има кај дизелот и маслото за домаќинство.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за дури 8,00 денари по литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 97,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 99,00 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка претепана од синот и снаата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 101,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 8,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 105,00 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почести возови на релацијата Скопје-Куманово, најави Николоски (ВИДЕО)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,591 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,001 ден/кг.