Четириесет и осумгодишна кумановка била физички нападната викендов од страна на нејзините син и снаа.
– На 05.09.2026 во 14:20 часот во СВР Куманово, 48-годишна жена од Куманово, пријави дека околу 12:00 часот во семејната куќа во Куманово, била физички нападната од нејзиниот син М.Џ.(26) и нејзината снаа Б.Р., двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

