Пожар пеплоса околу 200 хектари во Сув Орах и Руѓинце, пожари и во липковско (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 200 хектари сува трева и нискостеблеста шума гореше вчера во атарот на селата Сув Орах и Руѓинце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот избувнал некаде околу 14 часот, при што веднаш на терен излегле деветмина пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане со три противпожарни возила.

Поради големината на пожарот, во гаснењето околу 15:15 часот се приклучиле и тројца пожарникари на ТППЕ Ранковце, а околу 16:45 часот пристигнале и тројца пожарникари од ТППЕ Куманвоо.

Пожарникарите од Старо Нагоричане се бореле со пламените јазици до 03:00 часот изутринава.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И во Куманово утре свечено одбележување на 35 години независност на Македонија

 

Пожари вчера имало и на териториата на Општина Липково каде интервенирале кумановските пожарникари.

Во период од 12:00 до 14:45 часот во атарот на селото Слупчане гореле сува трева и стрниште, при што интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева, стрниште и дрвореди со багрем изгореле во близина на железничката пруга во атарот на селата Ваксинце и Речица. Таму тројца пожарникари гаснеле од 15:00 до 17:45 часот.

Во кумановско лопатен горела сува трева, каде интервенирале тројца пожарникари од 19:30 до 20:30 часот.

Нов пожар кој зафатил сува трева избувнал во селата Слупчане и Ваксинце околу 20:15 часот, при што тројца пожарникари успеале да го изгаснат еден час подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка претепана од синот и снаата

Во моментов нема активни пожари.

Никола Ивановски