Пожар избувна во винарија во Грција: Голема операција за гаснење, десетици пожарникари на терен

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна рано утрово во имотот на винарија во Патра, на западот од Грција, а во гаснењето се вклучени 27 пожарникари со осум возила и специјално возило со скала, соопшти грчката противпожарна служба.

Противпожарно-оперативниот центар бил информиран за пожарот околу пет часот наутро, по што започнала голема операција за гаснење, според грчкиот јавен сервис ЕРТ.

На местото на пожарот била ангажирана и пешадиската група на 6-та специјална единица за шумски пожари.

Во акцијата помага и градската администрација на Патра, која ангажирала цистерни за вода за поддршка на пожарникарите и да придонесе за гаснење на пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку едно лице загина во лизгање на земјиштето во источна Кина

Во исто време, на местото на настанот е испратена истражна единица за истрага на кривични дела предизвикување пожар од Ахаја, која ќе ги утврди околностите под кои избувнал пожарот.