Крадци загинаа во експлозија за време на грабеж на банкомат

Сподели со своите пријатели

Две лица беа убиени во експлозија на периферијата на јужноиталијанскиот град Андрија рано утрово, наводно откако случајно ја предизвикале експлозијата додека се подготвувале да ограбат банкомат.

Телата беа пронајдени на провинциски автопат во близина на мала вила и украден автомобил, јавува Анса.

На местото на настанот беа пронајдени средства што ги користеле банди кои ограбуваат банкомати.

Полициските карабинери започнаа истрага, а нивниот одред за деактивирање бомби го испитува местото на настанот, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СОСТОЈБА НА ОПСАДА ВО ГЕРМАНИЈА: Обид за напад врз електричната мрежа, специјалците ја опколија централата