Француската министерка за здравство Стефани Рист денес изјави дека земјата регистрирала околу 7.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното за време на екстремните топлотни бранови ова лето.
Таа изјави дека конечните податоци за починатите ќе бидат достапни во наредните недели, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека бројот на смртни случаи над очекуваното ниво во периодот од 17 јуни до 2 јули е околу 5.764.
Франција, како и големи делови од Европа, беше погодена од неколку топлотни бранови ова лето, со недостаток на врнежи и многу високи температури.

