Уште едно двегодишно дете затруено со лекови во Куманово

Сподели со своите пријатели

Уште едно двегодишно дете од Куманово вчера завршило во болница поради труење со лекови, што е петти случај на некаков вид труење на деца за месец дена.

– На 31.08.2026 во 13:25 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од кумановско село кое било затруено со лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Ова е петти случај на дете кое завршува во кумановската болница поради некаков вид на труење во последните месец дена.

На 31ви јули двегодишно дете заврши во болница поради труење со средство за разредување боја, а неполни две недели подоцна друго двегодишно дете беше затруено со лекови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  65-годишен кумановец натепан од својот сосед

Минатата недела двегодишно дете беше затруено со инсектициди, а викендов малолетно лице заврши во болница поради труење со алкохол.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски