Двајца браќа од Куманово се здобиле со повреди, од кои едно со потешки, откако биле физички нападнати од четири лица.
– На 30.08.2026 во 22:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(34) од кумановско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот во населба Иго Тричковиќ во Куманово, заедно со Ж.С., О.А. и Н.Н., сите од село Тромеѓа, кумановско, физички ги нападнале В.Ц.(32) и неговиот брат С.Ц., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил С.Ц., констатирани во Општа болница во Куманово, додека кај В.Ц. биле констатирани телесни повреди.
– Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

