Индонезија погодена од земјотрес со магнитуда од 5,2 степени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди индонезискиот остров Флорес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, недалеку од брегот, на длабочина од 10 километри.

Не е издадено предупредување за цунами.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува Танјуг.

Претходно овој месец, земјотрес со магнитуда од 7,7 степени го погоди регионот, при што загинаа најмалку 100 луѓе, а повеќе од 180.000 беа раселени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде се најскапи становите во Европа? Квадрат во еден град чини дури 23.000 евра!