Од мотор пукано во автомобил во кумановската населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Две лица од мотор испукале неколку кушруми кон „ауди“ кое се движело кон селото Никуљане, на пат во населбата Карпош.

– На 31.08.2026 околу 02:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 02:40 часот на локалниот пат од населба Карпош, кумановско, кон село Никуљане, општина Старо Нагоричане, од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишен маж од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во пукотницата нема повредени лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР за неделава најавува повторно невреме

– Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски