УХМР за неделава најавува повторно невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, додаваат од УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово завршил во болница по труење со алкохол

Никола Ивановски