Ограбена црква во кумановско Долно Којнаре

Сподели со своите пријатели

Со употреба на сила викендов било провалено во црквата во Долно Којнаре, од каде биле одземени пари.

– На 30.08.2026 во 00:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во периодот помеѓу 13:00 часот на 29.08.2026 до 00:30 часот на 30.08.2026 година, во црква во село Долно Којнаре, кумановско, било влезено со употреба на сила и при тоа биле одземени пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец, возел и покрај активна забрана