Околу 6.000 морнари на дури 400 бродови останаа заробени во Арапскиот Залив, бидејќи не можат да поминат низ Ормутскиот теснец поради тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, објави денес Меѓународната поморска организација на Обединетите нации.
Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез, изјави дека ситуацијата во Ормутскиот теснец „сè уште не е решена“ и дека илјадници морнари сè уште живеат и работат во услови на висок ризик и неизвесност, објави Ал Џезира.
Тој оцени дека последиците од кризата се „сериозни на краток и долг рок“, што укажува дека нарушувањата во виталните синџири на снабдување со гориво, ѓубрива и други стоки имаат последици за општествата и економиите низ целиот свет, пренесува Танјуг.

