Кина сомничи дека користи хотел на Кипар за шпионирање на Британија

Сподели со своите пријатели

Безбедносните и воените претставници стравуваат дека луксузниот хотел „Град на соништата Медитеран“ во Лимасол, Кипар, би можел биде користен за следење на британската воена база РАФ Акротири, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на извори.

Хотелот во кинеска сопственост се наоѓа веднаш до британската база и нуди поглед на дел од комплексот од нејзините повисоки катови.

Извори од британските воени и разузнавачки кругови проценуваат дека од соодветна точка набљудувачот би можел да го следи движењето на авионите, војниците и службениците во базата.

РАФ Акротири е особено „чувствителен“ бидејќи во него се сместени авиони Ф-35 и американските извидувачки авиони У-2.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен е идентитетот на Србинката исчезната во поплавите во Непал

Хотелот е дел од синџирот хотели во сопственост на компанијата „Мелко Ризортс“, предводена од кинеско-канадскиот милијардер Лоренс Хо.

Тој е член на Националниот комитет на Кинеската народна политичка консултативна конференција, кој во текстот на „Телеграф“ е опишан како организација поврзана со „политичката сфера на Пекинг“.

Нема индикации дека Хо или хотелот сториле некаков прекршок.

Портпаролот на хотелот ги отфрли тврдењата за можна шпионска улога како „целосно неосновани“ и изјави дека објектот е наменет исклучиво за туризам, одмори и деловни настани, пренесува Танјуг.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека RAF Акротири има воспоставено повеќеслојни безбедносни мерки кои постојано се преиспитуваат, но дека поради оперативната безбедност, не може да даде детали за нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте оптимизмот во германската хемиска индустрија