Семејното насилство не стивнува: Четири случаи за само два дена

Сподели со своите пријатели

Семејното насилство повторно е присутно во полицискиот билтен, со неколку пријавени случаи во различни градови во земјава.

Во Струмица, 28-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна вонбрачна партнерка во стан. Настанот се случил на 26 август околу 21 часот, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. За случајот бил известен јавен обвинител.

Истиот ден во Струмица бил приведен и 42-годишен маж, по пријава дека околу 11 часот на плоштадот физички ја нападнал својата 36-годишна поранешна сопруга. И во овој случај било известено обвинителството, а по документирање ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца 17-годишници физички нападнати во Центар

Случај на семејно насилство е регистриран и во Струга, каде што 41-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата партнерка.

Во Куманово, пак, полицијата го лишила од слобода 48-годишниот З.Н., по пријава дека во семејниот дом се обидел физички да ја нападне својата 48-годишна сопруга, а потоа физички го нападнал и својот малолетен син.

Во сите случаи полицијата презема мерки за целосно документирање на настаните, по што ќе следуваат соодветни пријави.