На 26 август во 15:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Подмолје – Ќафасан, во близина на Струга, се случила сообраќајна незгода во која учествувале повеќе возила и пешак.
Во незгодата учествувале патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од Радожда, мотоцикл „Кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(20) од Струга, паркирани возила „Мерцедес“ со албански национални ознаки и „Крафтер“ со струшки регистарски ознаки, како и пешакот Б.Д.(61) од Република Албанија.
Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај пешакот биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

