На 26 август околу 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Џепчиште – село Једоарце се случила сообраќајна незгода.
Според пријавеното, 39-годишниот Е.Џ. од село Џепчиште, тетовско, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

