ПЕКОЛ ВО АЛЖИР: 12 лица загинаа во пожари, десетици повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

12 лица ги загубија животите во серија пожари што избувнаа низ Алжир, изјави министерот за внатрешни работи, локална самоуправа и транспорт на земјата, Саид Сајуд.

– Бројот на жртви е голем. Само во покраината Беџаја имаме шест лица во критична состојба кои се на интензивна нега – изјави министерот за време на посетата на повредените во болницата Сук Ел Тенин во Беџаја, објавува алжирскиот „Ел Кабар“.

 

 

Како што изјави, пожарите се под контрола во повеќето држави, со исклучок на државите Беџаја и Џиџел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во Словачка: Откриен е план за напад врз фабрика за дронови!

Порталот „Ел Шорук“ објави дека, почнувајќи од среда попладне, избувнале 131 пожар, претежно на истокот од земјата, според податоците од Службата за цивилна заштита.