Две лица загинаа, 10 се повредени кога Украинец со автомобил се заби во пешаци во Франција

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а десет се повредени откако автомобил се заби во група луѓе во близина на железничка станица во северниот француски град Кан.

Неколку од повредените се во критична состојба, изјави за медиумите локалниот функционер Дејвид Клавиер, објави Би-Би-Си. Нападот се случил во среда навечер, кратко по 22 часот, објавија локалните медиуми.

Возачот на автомобилот е уапсен по обемна потера во која учествувала полицијата во поширокиот регион Нормандија.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Одговорот на Русија на нападите врз инфраструктурата ќе биде суров

Градоначалникот на Кан, Аристид Оливие, изјави дека истражителите се обидуваат да утврдат што му претходело на однесувањето на возачот.

Сведоците рекоа дека пред несреќата избувнала тепачка меѓу две групи луѓе.

„Засега не истражуваме терористички мотиви, но истрагата штотуку започна“, рече Бруно Кутансо, службеник за безбедност во Кан.

Сите жртви се мажи на возраст меѓу 17 и 40 години, објави АФП.

26-годишен маж, роден во Украина, е осомничен за нападот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовен напад врз Украина. Русија ги гаѓаше речиси сите најголеми градови

Тој беше уапсен на околу 20 километри од местото на нападот во пристанишниот град Уистрем.

Градоначалникот на Кана изјави дека неговиот автомобил бил следен со помош на градските камери за надзор.

Осомничениот напаѓач претходно немал полициско досие, освен за сообраќајни прекршоци, додаде градоначалникот.