Дури 107 точки на седумнаесеттата седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Дури 107 точки ќе се најдат на дневниот ред на седумнаесеттата седница на Совет на Општина Куманово што ќе се одржи во понеделник од 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет.

Голем дел од дневниот ред се однесува на работата на кумановските основни и средни училишта. Советниците ќе разгледуваат годишни извештаи за работата во учебната 2025/2026 година, како и годишни програми за работа за учебната 2026/2027 година за повеќе училишта во градот и руралните средини.

Советот треба да одлучува и за формирање паралелки во прва година со помалку од 25 ученици во општинските средни училишта за учебната 2026/2027 година.

Предвидени се и одлуки поврзани со бесплатниот превоз на ученици на неколку релации каде што нема обезбедено општински линиски превоз.

На дневен ред се и прашања поврзани со културата и јавните установи. Ќе се разгледуваат годишниот извештај и програмата за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“, како и предлог-решение за изменување на Статутот на библиотеката „Тане Георгиевски“ и предлог-планот за вработување во 2027 година.

Значаен дел од седницата е посветен на работењето на јавните претпријатија.

Советниците ќе разгледуваат извештаи за финансиското и оперативното работење на ЈП „Водовод“, вклучително и годишниот извештај за 2025 година, годишната сметка, како и кварталните извештаи за првите две тримесечја од 2026 година. На дневен ред е и годишниот план за вработување во 2027 година.

Слични точки се предвидени и за ЈП „Куманово-план“, каде што ќе се разгледуваат финансиски извештаи, реализацијата на годишната програма за работа, како и прашања поврзани со вработувања и планот за вработување за 2027 година.

Пред советниците ќе се најдат и извештаите за работењето на ЈП „Чистота и зеленило“, вклучително годишната сметка за 2025 година и финансиските извештаи за првото и второто тримесечје од 2026 година.

На седницата ќе се разгледува и работењето на ЈП „Куманово-гас“, ЈП „Куманово-паркинг“ и ЈП „Пазаришта“. За овие претпријатија се предвидени финансиски извештаи, годишни сметки, извештаи за работа, планови за вработување и повеќе одлуки поврзани со статути, ценовници и располагање со недвижности.

Во продолжение на дневниот ред се и неколку значајни точки поврзани со општинските финансии.

Советот ќе разгледува предлог-одлуки за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година и за измена на распоредот на средствата во буџетот.

Предвидени се и повеќе предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за катастарски парцели во Биљановце, Черкезе, Винце, Студена Бара, Горно Коњаре, Куманово и Речица.

На крајот од дневниот ред се предлог-одлуката за годишниот план за вработување во Општина Куманово за 2027 година, јавен повик за избор на член на Надзорниот одбор на ЈП „Пазаришта“, предлог-решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈП „Куманово-гас“, како и предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош од општинскиот буџет за 2026 година.

Целосниот дневен ред може да го проследите во продолжение:

1.Годишен извештај за работа на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

2.Годишна програма за работа на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

3.Годишен извештај за работа на СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

4.Годишна програма за работа на СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

5.Годишен извештај за работа на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

6.Годишна програма за работа на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

7.Годишен извештај за работа на СОУ „Перо Наков“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

8.Годишна програма за работа на СОУ „Перо Наков“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

9Годишен извештај за работа на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово за учебната 2025/2026 година;

10.Годишна програма за работа на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово за учебната 2026/2027 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за продолжениот викенд?

11.Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово за учебната 2025/2026 година;

12,Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово за учебната 2026/2027 година;

13.Годишен извештај за работа на ООУ „11 Октомври“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

14.Годишна програма за работа на ООУ „11 Октомври“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

15.Годишен извештај за работа на ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

16.Годишна програма за работа на ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

17.Годишен извештај за работа на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

18.Годишна програма за работа на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

19.Годишен извештај за работа на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

20.Годишна програма за работа на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

21.Годишен извештај за работа на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

22.Годишна програма за работа на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

23.Годишен извештај за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

24.Годишна програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

25.Годишен извештај за работа на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово за учебната 202/2026 година;

26.Годишна програма за работа на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

27.Годишен извештај за работа на ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

28.Годишна програма за работа на ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

29.Годишен извештај за работа на ООУ „Јероним Де Рада“ – с. Черкези за учебната 2025/2026 година;

30.Годишна програма за работа на ООУ „Јероним Де Рада“ – с. Черкези за учебната 2026/2027 година;

31.Годишен извештај за работа на ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Романовце за учебната 2025/2026 година;

32.Годишна програма за работа на ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Романовце за учебната 2026/2027 година;

33.Годишен извештај за работа на ООУ „Битолски Конгрес“ – с. Лопате за учебната 2025/2026 година;

34.Годишна програма за работа на ООУ „Битолски Конгрес“ – с. Лопате за учебната 2026/2027 година;

35.Годишен извештај за работа на ООУ „Карпош“ – с. Умин Дол за учебната 2025/2026 година;

36.Годишна програма за работа на ООУ „Карпош“ – с. Умин Дол за учебната 2026/2027 година;

37.Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Рибар“ – с. Табановце за учебната 2025/2026 година;

38.Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Рибар“ – с. Табановце за учебната 2026/2027 година;

39.Годишен извештај за работа на ООУ „Вера Которка“ – с. Клечовце за учебната 2025/2026 година;

40.Годишна програма за работа на ООУ „Вера Которка“ – с. Клечовце за учебната 2026/2027 година;

41.Годишен извештај за работа на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;

42.Годишна програма за работа на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;

43.Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2026/2027 година;

44.Предлог – Одлука за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација с. Вак`в – с. Пчиња и обратно – за која нема обезбедено општински линиски превоз;

45.Предлог – Одлука за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација улица Доне Божинов крак Пармакови ниви – ООУ „11 Октомври“ Куманово и обратно – за која нема обезбедено општински линиски превоз;

46.Предлог – Одлука за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација улица Доне Божинов крак Пармакови ниви – ООУ „Бајрам Шабани“ Куманово и обратно – за која нема обезбедено општински линиски превоз;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил, сува трева, стрништа и ниска шума гореа во неколку кумановски села

47.Годишен извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ” – Куманово за учебната 2025/2026 година;

48.Годишна програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ” – Куманово за учебната 2026/2027 година;

49.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

50.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

51.Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Куманово за периодот од јануари до јуни 2026 година;

52.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.10.2025 – 31.12.2025 година;

53.Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2025 година;

54.Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2025 година;

55.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2026 – 31.03.2026 година;

56.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2026 – 30.06.2026 година;

57.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

58.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2025 – 31.12.2025 година;

59.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2025 година;

60.Извештај за реализација на Годишна програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2025 година;

61.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2026 – 31.03.2026 година;

62.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.04.2026 – 30.06.2026 година;

63.Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за вработување на 2 (два) работници на определено време;

64.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

65.Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2025 година;

66.Годишна сметка на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2025 година;

67.Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2025 година;

68.Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2026 година;

69.Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2026 година;

70.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

71.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2025 – 31.12.2025 година;

72.Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2025 година;

73.Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2025 година;

74.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2026 – 31.03.2026 година;

75.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.04.2026 – 30.06.2026 година;

76.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

77.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2025 – 31.12.2025 година;

78.Извештај за работа со Годишна сметка на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2025 година;

79.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2026 – 31.03.2026 година;

80.Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.04.2026 – 30.06.2026 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  65-годишен кумановец заразен со Западен нил, пациентот е стабилен (ВИДЕО)

81.Предлог – Одлука за давање согласност на Измени и дополнување на Годишен план за вработување во 2026 година на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;

82.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;

83.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

84.Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

85.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

86.Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

87.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

88.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

89.Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2026 година;

90.Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

91.Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

92.Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 18303/60 од 29 декември 2025 година;

93.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 679/4 К.О. Биљановце вон град – Општина Куманово;

94.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 422 К.О Черкезе – Општина Куманово;

95.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 2742 К.О. Винце – Општина Куманово;

96.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 432/9 К.О. Биљановце-вон град – Општина Куманово;

97.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 681/4 К.О. Биљановце вон град – Општина Куманово;

98.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 91/1 и К.П. 91/2 К.О. Студена Бара – Општина Куманово;

99.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 1466/4 К.О. Горно Коњаре – Општина Куманово;

100.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 472/4 К.О. Биљановце вон град – Општина Куманово;

101.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 1559 К.О. Горно Коњаре – Општина Куманово;

102.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 26719 К.О. Куманово – Општина Куманово;

103.Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за К.П. 354 К.О. Речица – Општина Куманово;

104.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2027 година;

105.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 03/26 – делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;

106.Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Куманово – гас” – Куманово;

107.Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.

Никола Ивановски