Тревога на летот за Цирих: Авионот со 222 патници изврши итно слетување

Сподели со своите пријатели

Авион на „Свис интернешнл ерлајнс“ (СВИС) изврши итно слетување на Азорските Острови за време на летот од Чикаго до Цирих поради хемиски мирис во авионот.

Станува збор за авион „Боинг 777“ со 222 патници и 16 членови на екипажот, изјави денес за медиумите во Цирих директорот за операции на компанијата, Оливер Бухофер, објави „Свис инфо“.

Екипажот издаде повик за помош додека авионот леташе над Атлантикот, по што авионот беше пренасочен кон Азорските Острови.

Бухофер рече дека патниците треба да бидат вратени во Швајцарија подоцна денес.

„Свис“ планира да испрати еден од своите авиони на Азорските Острови попладне и да ги транспортира патниците назад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шеф на мафијата ликвидиран на бензинска пумпа: Надзорните камери го снимија убиството

Тој не даде дополнителни детали за причината за хемискиот мирис.