Неколку локации во Куманово денеска привремено се без снабдување со вода поради дефекти или интервенции во водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има во населбата Средорек поради дефект на водоводната мрежа.
На улицата „Индустриска“ поради замена на подземен противпожарен хидрант.
Поради дефект на водоводен вод за Спортскиот аеродром Аџитепе, прекини има на крстосницата за селото Речица и патот кон аеродромот.
Без вода се и корисниците од улицата „Видое Смилевски Бато“ поради дефект на водоводната мрежа.
Прекини има и во населбата Вера Которка (сервис Велиновски), поради приклучок на водоводната мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски

