Приведен кумановец кој бил агресивен и непристоен на концерт на плоштадот

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишник од Куманово бил приведен викендов по пријава дека бил агресивен и непристоен на концерт на градскиот плоштад.

– На 22.08.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Е.А.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на Градскиот плоштад во Куманово, за време на одржување на културна манифестација, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Станува збор за инцидент кој се случил за време на фестивалот „Рома труба фест“.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќи, шума и трева изгореа во пожар во кумановско Винце

Никола Ивановски