Калас предлага воведување уште построги санкции за Русија

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го осуди нападот на Русија врз трговски центар во градот Криви Рог во централна Украина.

Таа додаде дека предлага да се воведат уште построги санкции врз Русија.

„Рускиот напад врз трговскиот центар во Криви Рог ја покажува апсолутната и целосна изопаченост на војната што ја води Москва. Ова е намерен терор. Русија сака да ги направи украинските градови непогодни за живеење. Предлагам најдалекусежни санкции против Русија од почетокот на војната. Притисокот мора да се зголеми сè додека Москва не ја заврши војната“, напиша Калас во објава на социјалната мрежа X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Родниот град на Зеленски под силни удари: Најмалку 15 мртви и 130 ранети (ВИДЕО)

Таа рече дека министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ ќе разговараат за начините за обезбедување поголема поддршка на Украина, вклучително и воздушна одбрана, на состанок во Даблин за помалку од две недели.

Руски беспилотни летала вчера погодија трговски центар во градот Криви Рог во централна Украина, при што загинаа шест лица, а повеќе од десетина беа повредени.

Шест деца се меѓу 91 повредени лица.

Еден ден претходно, Русија започна голем воздушен напад врз Киев, користејќи голем број ракети и беспилотни летала.

Најмалку 16 лица загинаа во тој напад.

Калас го осуди рускиот напад врз трговски центар во Украина и предлага воведување уште построги санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински дронови го погодија магацинот на рускиот онлајн трговец Озон