Деветнаесетгодишен кумановец вчера попладне бил физички нападнат на викендица во селото Драгоманце.
– На 21.08.2026 во 17:10 часот во СВР Куманово, П.Ц.(19) од Куманово пријавил дека во викенд куќа во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане бил физички нападнат од И.Н.(40) од Куманово, инфомрираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против И.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски

