Камерон Гуден ново засилување на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарот од САД, Камерон Гуден, е ново засилување во сино-белиот состав, соопшти клубот, посакувајќи му успешна сезона исполнета со победи и незаборавни моменти.

Гуден е роден на 3 декември 1998 година во Слајдел, Луизијана.

Станува збор за бек висок 183 сантиметри, кој во досегашната кариера настапувал во повеќе средини.

Последниот ангажман на Американецот беше во Мексико, каде што настапуваше за Rayos de Hermosillo во CIBACOPA лигата.

Гуден дипломирал на Utah Tech University во 2023 година, а сега ќе има нов предизвик во својата кариера, како дел од „синиот и белиот“ тим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ренато Димитриевски повторно во МКК Куманово

Никола Ивановски