Четири лица убиени во напад врз Николаевск

Сподели со своите пријатели

Четири лица, меѓу кои три деца, загинаа вчера попладне во руски напад врз Николаевската област во Украина, објави министерот за внатрешни работи на Украина, Иван Вихивски.

Според началникот на Николаевската регионална воена администрација, Георги Решетилов, во градот Токаривка, во населбата Веселиновска, беспилотното летало „Шахид“ удрило во зграда во која има продавница, пошта и аптека, објави Укринформ.

Во нападот загинаа две 11-годишници, едно 13-годишно момче и еден 30-годишен маж.

Уште едно лице, 36-годишна жена, е повредено и хоспитализирано.

Во тек е спасувачка операција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина воведе санкции против авторот на цртаниот филм „Маша и мечката“