32-годишник од Куманово починал откако во такси ставил во уста непозната материја

Сподели со своите пријатели

Откако ставил во уста непозната материја, додека се возел во такси, 32-годишник од Куманово бил прнесен во амбуланта каде што починал.

– На 20.08.2026 во 20:55 часот во Полициското одделение Матејче, од Здравствен дом Липково било пријавено дека во приватна амбуланта во село Опае починал Е.А.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, додека се превезувал во такси возило, тој ставил во уста непозната материја, по што му се слошило и такси возачот го однел во приватната амбуланта.

– По наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институт за судска медицина за обдукција. Увид извршила екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе субвенционира стари занаети, пријавувањето до 10 септември

Никола Ивановски