Романски Ф-16 уништи дрон полн со експлозив во близина на гасна платформа

Сподели со своите пријатели

Романската војска уништи морски дрон во Црното Море откако беше забележан на неколку стотини метри од гасната платформа Нептун Дип, во економската зона на Романија.

Вршителот на должноста романски министер за одбрана Раду Мируца објави дека крајбрежната стража пријавила дрон на околу 80 наутички милји источно од Констанца утрово, објавува Digi24.

Поради близината на критичната гасна инфраструктура и фактот дека на платформата имало неколку стотици луѓе, романските власти одлучија да го уништат леталото.

По проценка на ситуацијата и консултации со претседателот на Романија, беше наредено да се уништи дронот.

Два романски ловци Ф-16 беа вклучени во акцијата и добиле наредба за пукање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио, тврдат научниците

Според Мируца, дронот дефинитивно беше уништен, а подоцна беше утврдено дека бил наполнет со експлозиви.

Во исто време, романските власти го проверуваа неговото потекло.

Преку неодамна воспоставениот директен комуникациски канал, тие контактираа со украинската страна, која официјално потврди дека дронот не е од украинско потекло.