Шест вооружени мажи нападнаа танкер во Аденскиот Залив покрај брегот на Јемен, ја презедоа контролата врз бродот и го пренасочија кон Сомалија, објави денес Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).
Службата за поморска трговија претходно соопшти дека добила извештај за инцидент на 136 наутички милји источно од јеменскиот остров Мукала.
Во времето на инцидентот, танкерот пловел кон запад, кога, според извештајот, му се приближил неовластен брод.
Службата за трговска морнарица не објави дополнителни детали за инцидентот, ниту пак кажа дали танкерот и членовите на неговиот екипаж се безбедни, објави Ројтерс.

