Приведен 31-годишен кумановец, возел со 1,78 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел со 1,78 промили алкохол во крвта.

– На 19.08.2026 во 23:01 часот на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(31) од с.Биљановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва 22. издание на Тамбурашкиот фестивал во Куманово

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски