Зеленски по рускиот напад: 12 лица загинаа само во Киев, глетката е ужасна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија извршила масовен напад врз Украина, во кој, според досегашните податоци, загинале 13 лица, 12 во Киев и едно лице во регионот на Киев, додека околу 40 лица се повредени.

 

 

Во нападот биле употребени балистички и крстосувачки ракети, како и дронови, објави Зеленски на Фејсбук.

Во Киев биле оштетени станбени згради, вклучувајќи и солитер чии горни катови биле уништени, како и детска болница и училиште, пренесува Укринформ.

 

 

Зеленски изјави дека биле погодени и регионите Одеса и Чернихив.

Во регионот Одеса, со дронови бил нападнат контролен пункт на границата со Молдавија, додека во регионот Чернихив била погодена гасната инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нуклеарката Запорожје повторно остана без струја, поради нападот е невозможно да се утврди причината

 

 

Спасувачките и службите за итни случаи продолжиле да работат на местото на нападот.

Зеленски, исто така, изјави дека по нападот, околу 90.000 домаќинства останале без електрична енергија, од кои снабдувањето за 50.000 веќе е обновено, додека околу 40.000 се уште се без електрична енергија.

 

 

Да потсетиме дека руските сили извршија разорен напад врз Киев во текот на ноќта.

Меѓу погодените цели, според руското Министерство за одбрана, биле и складиште за муниција во кое се складирале термобарични воздушни бомби М-900, противтенковски мини и муниција за дронови од типот „Баба-Јага“.

 

 

Тие, исто така, наведуваат дека цел на нападот била компанијата Фајр Поинт, која произведувала компоненти за дронови и била задолжена за склопување на мотори-бустери за ракетите „Фламинго“, а според Русите, цел бил и трговскиот и складишен комплекс на компанијата „Укрспексистемс“, каде, како што наведуваат, се склопувале делови за ударни дронови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински власти: Русија може да произведува повеќе од 200 крстосувачки и балистички ракети месечно