Кац жестоко му се закани на Ердоган: Не ја тестирајте решителноста на Израел да се брани

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“ откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) бомбардираа сириска воздухопловна база оваа недела поради, како што велат, зголемувањето на турските воени сили на таа локација.

„Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на платформата X.

Кац напиша дека е подобро Ердоган „да продолжи да држи празни говори полни со заблуди против Израел во турскиот парламент, отколку да ја тестира решителноста на Израел да се брани“.

Дамаск и Анкара негираа дека турските воени сили се зголемуваат во воздухопловна база во северозападна Сирија што Израел ја нападна оваа недела.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во вторникот ја предупредил Турција да се воздржи од какви било воени активности во Сирија, пренесува Танјуг.