Кумановскиот ракометар Давид Димевски по години минати во дресот на МРК Куманово, новата сезона ќе ја продолжи во Еурофарм Пелистер 2.
Димевски стави потпис на почетокот на неделава, и ќе донесе големо засилување за екипата на Еурофарм која има големи амбиции за новата сезона во Супер лигата.
Дваесет и двегодишниот Димевски игра на бековската позиција. Освен за составот на Куманово, настапуваше и за младинската репрезентација на Македонија, а беше дел и од Светското младинско првенство во 2025 година.
Тој минатата година ја доби и наградата за најдобар стрелец од Ракометната федерација на Македонија, а беше прогласен и за најдобар спортист од Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
Никола Ивановски

