Тројца починати и 35 нови случаи на западнонилска треска во Македонија

Сподели со своите пријатели

Тројца пациенти починале, а 35 нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Како што посочи Клековски, поголемиот дел од пациентите се згрижени и се наоѓаат под медицински надзор на Инфективната клиника. Од болеста досега успешно се излекувани 15 лица.

За побрзо и поефикасно откривање на новите случаи, дијагностичките капацитети во лабораториите се максимално подигнати. Според Клековски, дневно се вршат од четири до осум анализи.

Здравствените власти упатуваат итен апел до граѓаните да преземат мерки за лична заштита од комарците кои ја пренесуваат инфекцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

Особено се нагласува важноста да не се дозволува задржување на застоена вода во близина на дворовите и домовите, бидејќи таквите места претставуваат погодна средина за размножување на комарците.

Состојбата со западнонилската треска е сериозна и во регионот. Атина во моментов е меѓу најкритичните жаришта во Европа, со вкупно девет починати лица.