Шест лица загинаа, а четворица беа повредени во украинскиот ракетен напад врз руското село Колосково во регионот Белгород, објавија руските медиуми.
Вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев изјави дека во нападот загинале шест цивили, а повредени се четири лица, меѓу кои и едно 14-годишно дете.
На местото на ударот, изгорела една зграда, а оштетен е и патнички автомобил, објави Тас.

