Двајца тинејџери, од кои еден малолетник од Австрија, добија кривични пријави под сомнение дека ги испишале графитите „УЧК“ на влезот од Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(18) од Куманово и 16-годишник лице од Република Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 26.07.2026 на објектот каде е сместено едно Културно- уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина.
Никола Ивановски

