Серија земјотреси во Индонезија, најсилниот 5,7 степени

Сподели со своите пријатели

Денес, 17 август, Индонезија беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,7 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на тој земјотрес беше на отворено море, на длабочина од 49 километри, во регионот Флорес.

Не е издадено предупредување за цунами.

По најсилниот земјотрес, следеше серија од три нови магнитуди помеѓу 5,2 и 5,3 степени, пренесува Танјуг.

Во меѓувреме, индонезиските власти соопштија дека бројот на жртви од земјотресот со магнитуда од 7,7 степени што ја погоди источна Индонезија на 15 август се искачи на 53, додека околу 5.000 луѓе се евакуирани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца мртви во пожар во Грција, Белгија се бори со најголемиот пожар во модерната историја