Третмани против комарци и крлежи следната недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во наредните денови ќе спроведе терестички третмани против возрасната форма на комарци и дезинсекција против крлежи на повеќе локации во градот и околината.

На 18 август (вторник), по четврти пат ќе се изврши терестичка дезинсекција против возрасната форма на комарци. Третманот ќе започне на полноќ, односно од 00:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови.

Дезинсекцијата ќе се спроведува по течението на река Кумановка, од Кумановска Бања преку село Проевце и местото Бејтови Ниви, по должината на кејот на реката и површините под бавчи од другата страна на реката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температурите остануваат над 30 степени

Ќе бидат опфатени и просторот долж булеварот „Октомвриска револуција“, површините околу Градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, реонот околу ООУ „Толи Зордумис“, Диво Насеље и текот на реката во село Романовце.

Третманот ќе се реализира и на Градските гробишта, Зелен Рид, долж булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ и улицата „11 Октомври“, со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, како и низ централното градско подрачје, по текот на реката Серава, во населбата Перо Чичо и на други локации низ градот.

Во процесот на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ“.

Покрај третманот против комарци, на 20 август (четврток), со почеток во 05:00 часот, ќе се изврши и втор третман против крлежи на зелените градски површини на територијата на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Чистота и зеленило“ побара помош од државата за гаснење на пожарот на депонијата „Краста“ (ВИДЕО)

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени Соколански парк, малиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“, големиот плоштад пред „Нама“, Спомен-костурницата, локалитетот Кошеви и Градскиот парк.

На 21 август (петок), третманот против крлежи ќе продолжи на градскиот кеј.

Дезинсекциите против крлежи ќе се реализираат до 08:00 часот, при што ќе се користи препаратот „Cimina Plus“.

Од Општина Куманово посочуваат дека, во случај на неповолни временски услови, планираните третмани ќе бидат одложени за првиот нареден ден кога временските услови ќе дозволат нивна реализација.

Никола Ивановски