Плевна и куќа изгореа во пожар во Слупчане, сува трева гореше во Косматац

Сподели со своите пријатели

Плевна и стара куќа вчера изгореле во пожар во липковско Слупчане, додека во кумановско Косматац горела сува трева.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера четворица пожарникари интервенирале во селото Слупчане во Липково каде оган зафатил плевна и стара куќа.

Интервенцијата траела во период од 18:50 часот до 21:45 со две противпожарни возила.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале и во селото Косматац, каде горела сува трева. Тројца пожарникари го гаснеле огнот од 16:25 до 20:40 часот.

Во моментов нема активни пожари во Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум пронајден во Диво Насеље