Над 126.000 лица преминале преку Табановце викендов

Сподели со своите пријатели

Над 126.000 лица преминале преку Граничниот премин Табановце од петок во 10 часот наутро, до истото време утринава.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи од 07.08.2026 од 10:00 часот до 10.08.2026 до 10:00 часот влез во државата оствариле 10.974 македонски државјани, а излез 17.785 македонски државјани.

Што се однесува до странските државјани, бројките се многу поголеми.

Во истиот период влез во Македонија оствариле 43.296 странски државјани, а ја напуштиле 54.701 лица.

– Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, велат од ресорното министерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишен кумановец возел со 1,9 промили, полицијата го привела

Никола Ивановски