Две лица од Куманово биле приведени ноќва откако со меѓусебна физичка пресметка го нарушиле јавниот ред и мир.
– На 08.08.2026 во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Ф.Д.З.(38) и В.М.(36), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие пред угостителски објект на регионален пат Куманово-Свети Николе го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
– Против нив биле изготвени соодветни поднесоци, стои во соопштението.
Никола Ивановски

