Приведен кумановец кој бил агресивен и се заканувал на својот син

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишник од Куманово бил приведен по пријава дека бил агресивен и се заканувал на неговиот син.

– На 07.08.2026 во 16:40 часот,  полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д.(43) од Куманово затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел нерегистрирано „југо“ и немал дозвола